Од 4 до 6 август во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ ќе се одржи меморијален турнир во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка”.
Овој турнир е 46-ти по ред, а ќе учествуваат македонска младинска и сениорска репрезентација и ќе гостуваат репрезентативните одбојкарки од Косово и Босна и Херцеговина.
Првиот натпревар е утре од 17 : 30ч. помеѓу Косово и Босна и Хцреговина. Љубителите на одбојката ќе можат да проследуваат по два натпревари од 17:30 и 20:00 часот во наредните 3 дена.
„Ова лето Крушево е центар на одбојката. Цело лето присутна е женската репрезентација од повеќе категории, на подготовки беа неколку одбојкарски тимови, а еве сега ќе се одржи и меѓународен турнир. Спортската сала и Крушево повторно прераснуваат во места за спортски подготовки.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Извор: Општина Крушево