spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Се реконструира влезната улица во населеното место Милетково

Гевгелија: Се реконструира влезната улица во населеното место Милетково

Во општина Гевгелија продолжуваат градежните зафати за подобрување на патната инфраструктура.

Во Милетково, се асфалтира влезната улица, која е и единствениот пат кој води до населеното место. Со реконструкцијата и асфалтирањето, на оваа улица ќе биде олеснет сообраќајниот пристап на жителите во Милетково, бидејќи беше доста оштетена и небезбедна за одвивање на сообраќајот.

„Во населеното место Милетково после многу години се инвестира во инфраструктурата, што е доказ за посветеноста на локалната самоуправа за подобрување на животот на граѓаните во секое населено место во Општина Гевгелија, истакна Сарамандов”, кој денеска изврши увид во градежните работи.

Извор: Oпштина Гевгелија

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...