spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, јуни 2022 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, јуни 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 илјади денари, што е за 19.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (47.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20.5 %) за објекти од нискоградба и 88 (31.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 277 објекти, на 147 (53.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 550 станови, со вкупна корисна површина од 40 493 м2.

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...