На наредната седница на Советот на Општина Валандово на дневен ред ќе биде нова еднократна субвенција, наменета за помош на лицата со попреченост од нашата заедница.
Финансиската поддршка е во висина од 20.000 денари, истата е инклузивна и праведна, опфаќа повеќе групи на лица со попреченост и ја зајакнува солидарната компонента во заедницата.
Во ребалансот на Буџетот се планирани околу 1.6 милиони денари за оваа намена.
Си подаваме рака еден кон друг, си помагаме кога е потребно и градиме хумана и емпатична заедница, во која има место за секој човек. Тоа е идеалот во кој веруваме и од кој не се откажуваме.
Извор: Општина Валандово