МОН континуирано инвестира во образовна инфраструктура. Обезбедувањето добри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес влијае врз квалитетот на образованието.
Во ООУ „ Сабедин Бајрами” во село Камењане, општина Боговиње во тек е реконструкција што опфаќа изведба на санитарии, кров и нова фасада што ќе биде енергетски ефикасна, а инвестицијата е во вредност од 21,8 милиони денари.
Во рамки на градежните работи, училиштето ќе добие и пристапна рампа, со што децата со посебни потреби добиваат можност да се движат без туѓа помош.
Министерството за образование и наука континуирано го поткрева нивото на инклузивност на образовниот систем, затоа што секое дете има право на образование без дискриминација.
Извор: Влада