На денешната седницата на Влада на Рeпублика Северна Македонија, а на предлог на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, е усвоена информацијата за повеќегодишната јавна набавка за Финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населено место Страчинце, Општина Гази Баба, информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, општина Арачиново, како и информација за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.
Овие проекти се дел од инвестиционата програма на министерството за животна средина и просторно планирање, во делот за финансирање на проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација, и се во согласност со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање на современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.
По спроведување на сите претходни подготвителни постапки, во најскоро време ќе следи тендерска постапка за избор на изведувач и започнување на изведбените работи за реализација на гореспоменатите проекти.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање