Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Женева пред Комитетот за правата на детето го презентираше Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.
Министерката Тренчевска е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование и наука, здравство, правда, надворешни работи и Државниот завод за статистика.
Во своето обраќање министерката Тренчевска го нагласи почитувањето на детските права како висок приоритет на нашата држава, за чија заштита значајна улога има сеопфатниот мултисекторски пристап на институциите.
Воедно, истакна дека со цел унапредување на севкупната положба на децата во Република Северна Македонија отпочнат е процес за повторно воспоставување на национален механизам за следење на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето, поддржан од Делегацијата на Европската унија.
Во Република Северна Македонија од 2017 година функционира Националното координативно тело за превенција и заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е формирано од Владата и во кое има претставници од сите релевантни чинители во оваа област.
Усвоена е Национална стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) кои се во согласност со сите значајни меѓународни документи, регулативи и прописи.
По обраќањето на министерката се отвори дискусија за прашања на кои претставниците на институциите одговараа на прашања од областа која ја претставуваат.
***
Во продолжение, целосното обраќање на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.