Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со г-дин Давид Чернохорски, раководител на економско-конзуларниот оддел во Амбасадата на Република Чешка во Македонија.
На средбата беа разменети искуства и беше разговарано за можна идна соработка помеѓу Општината и Чешката Амбасада, која би довела до потенцијални инвеститори од Чешка во Кавадарци.
Извор: Општина Кавадарци