Пред делегацијата од American Council of Young Political Leaders од САД ги претставивме историските особености на нашето подрачје, видовите на храна кои се препознатливи за нашиот крај, како и културолошките различности со останатите народи.
Во непосредна комуникација на месноста „Извор“, ја презентиравме валандовската посебност и вредност, нашата традиција создавана генерации наназад и автентичноста на нашата локална заедница.
Градиме искрени пријателства низ светот, меѓусебно се надополнуваме и заеднички чекориме кон нови цели.
Извор: Општина Валандово