Заменик директорот на Агенција за млади и спорт Амир Билали, заедно со координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџак и претставниците од Програмата за развој на Обединетите нации- United Nations Development Programme – UNDP , Фондот за население на Обединетите нации- UNFPA North Macedonia , UN Women и УНЕСКО –UNESCO , присуствуваа на првиот состанок на Советодавниот одбор на овој регионален младински проект кој започна годинава.
Оваа година Агенцијата за млади и спорт започна процес на подготовка на нова Национална стратегија за млади. Методологијата за процесот беше подготовена со поддршка на УНДП-
UNDP MK а сите активности за координација и консултација со младите ќе бидат направени во соработка УНДП, ОБСЕ-
OSCE Mission to Skopje и УНФПА.
Веруваме дека градењето на младински политики е основата за развој на младите.
Во 2020 година е донесен законот за младинско учество и младински политики. Со него се предвидуваат формирање на локални младински совети во сите општини и Градот Скопје. Овие локални младински совети имаат советодавна и застапувачка улога. Нивната цел е да иницираат процеси на локална младинска стратегија и други прашања кои ги засегаат младите. Поддршката на овој проект за формирање и зајакнување на локалните младински совети во 5 општини во РС Македонија е од големо значење за нас. Нашата цел е сите 80 општини и Град Скопје да имаат фунцкионални и успешни локални младински совети кои ги застапуваат младите.
Младинското информирање е една од приоретните теми на Националната стратегија за млади. Третирањето на теми приоритетни за младите во традиционалните медиуми е исто така од особена важност за покревање на свеста околу младинските прашања.
Извор: Агенција за млади и спорт