spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Повеќе простор, пониски температури, пократки патувања

АХВ: Повеќе простор, пониски температури, пократки патувања

Според препораките објавени од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), обезбедување повеќе простор, намалување на максималните температури и одржување на времето на патување на минимум се потребни за да се подобри благосостојбата на фармските животни за време на транспортот. Препораките на ЕФСА, доставени до Европската комисија во серија од пет научни мислења имаат за цел да ја поддржат тековната ревизија на законодавството за благосостојба на животните во Европската унија (ЕУ) – клучен елемент на ЕУ Стратегија од фарма до вилушка (F2F).

Научните мислења опфаќаат мали преживари (овци и кози), еквиди (коњи и магариња), говеда (говеда и телиња), свињи и животни транспортирани во контејнери, вклучително и домашни птици (кокошки, несилки, мисирки итн.) и зајаци. Ги идентификуваат различните последици по однос на благосостојбата што животните може да ги доживеат за време на различни фази од транспортот, опасностите што потенцијално ги предизвикуваат, и мерките засновани на животни (ABMs) со кои тие можат да се проценат. За сите видови, од најголема важност е да бидат во добра состојба за транспорт.

 

Добрите практики за благосостојба на животните не само што го намалуваат непотребното страдање, туку помагаат и животните да бидат поздрави. Ова е клучен елемент за безбедноста на синџирот на исхрана со оглед на врската помеѓу благосостојбата на животните, здравјето на животните и болестите што се пренесуваат преку храна, во согласност со принципот „Едно здравје“ на што ЕФСА е посветена, рече Гилхем де Сезе, раководител на Одделението за проценка на ризик при производство на ЕФСА.

 

ЕФСА разви квантитативни прагови за температурите што треба да се одржуваат во возилото како и за минималниот простор потребен за животните. Покрај тоа, ЕФСА го опишува и развојот или прогресијата на други последици по однос на благосостојбата што се јавуваат со тек на времето при транспортот, како што се глад, жед и умор.

На пример, за животни транспортирани во контејнери (живина и зајаци), ЕФСА препорачува како времетраење на патувањето да се смета целото време што животните го поминуваат во контејнерите. Единствен начин да се избегнат последиците по однос на благосостојбата кај еднодневните пилиња е да се транспортираат оплодените јајца и да се изведат на фарма на крајната дестинација.

Сегашното законодавство на ЕУ за заштита на животните при транспорт стапи на сила во 2005 година. Во рамки на стратегијата од фарма до вилушка (F2F), наодите на ЕФСА ќе ја поддржат тековната ревизија на Европската комисија на законодавството со цел усогласување со најновите научни докази, проширување на опсегот, олеснување на спроведувањето, како и  обезбедување на повисоко ниво на благосостојба на животните. Предлогот на Комисијата се очекува во втората половина на 2023 година.

Претстоен јавен настан за благосостојба на животните

На 26 септември, ЕФСА ќе одржи јавен настан на кој ќе бидат презентирани резултатите од научните мислења за транспортот на животни, како и неодамна објавената препорака за благосостојбата на фармските свињи. Повеќе информации за настанот може да се најдат на линкот:

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...