Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска одржа работен состанок со тимот експерти избрани за проектот за усогласување на националното медиумско законодавство со законодавството на ЕУ и медиумските стандарди. Проектот е поддржан од ЕУ, односно Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
На состанокот се разговараше за важноста од усогласување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги (ЕУ) 2018/1808 година, особено што истото е во согласност со скринингот што нашата земја сега го започнува како работен процес, како земја којашто започна преговори за членство во ЕУ.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација