spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работен состанок со ЗП задолжен за политики за добро владеење Грковска...

ДКСК: Работен состанок со ЗП задолжен за политики за добро владеење Грковска и Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини

На 14.09.2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се одржа работен состанок на претседателката и членовите на ДКСК со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

На состанокот е разговарано за тековните  активности на ДКСК и Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење.

Споделени се мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.

Заеднички е констатирано дека меѓусебната соработка и комуникација се клучни во процесот на градење на одговорни и отчетни институции.

Со министерот Нуредини се разменети мислења за актулени прашања поврзани со заштитата на животната средина како и со проблемите кои произлегуваат од непланското и незаконското градење во заштитените подрачја и националните паркови. При тоа, се разменети мислења за можно  заедничко делување во иднина во насока на изнаоѓање на долгорочни решенија за средување на состојбите во оваа свера.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...