Ги посетивме корисниците на социјални услуги и им доделивме опрема.
Опремата е доделена со одлука на совет и едногласно е прифатена од страна на советниците во Советот на Општина Берово.
Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно.
Заложба и приоритет и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани, кои заслужуваат да имаат пристоен живот.
Локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, како преку организирање на хуманитарни активности, така и преку различни алатки преку општината.
Извор: Општина Берово