HomeМинистерстваМНР: Средба Османи – Алзајани

МНР: Средба Османи – Алзајани

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, оствари средби со министерот за надворешни работи на  Кралството Бахреин, Абулатиф бин Рашид Алзајани.

 На средбата беа разгледани билатералните односи, при што министерот Османи ги истакна заложбите за динамизирање на соработката особено во економската област, туризмот, трговијата и инвестициите. Притоа, беше нагласено дека двете земји имаат голем потенцијал за продлабочување на бизнис релациите, на што ќе биде посветено значително внимание во периодот што претстои.

Соговорниците изразија очекување за забогатување на договорната рамка, како и идно зајакнување на соработката и во делот на мултилатералната дипломатија.

Воедно, беа разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и  за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте