Сојузот на хемичари на Република Северна Македонија на настанот додели благодарница на Агенцијата за млади и спорт за поддршката која ја добиваат за учество на Интернационалната олимпијада по хемија.
Агенцијата за млади и спорт останува на својата определба да ги поддржува и понатаму младите талентирани лица во остварување на нови резултати како на домашните натпревари така и ма меѓународно ниво.
На учесниците на Интернационалната олимпијада по хемија им честита за постигнатиот успех и им посакува уште многу учества и освоени медали.