По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт организираше прием за Акиевска и претседателот на федерацијата Бобан Ѓороски.
–Цело е, кога има се’, истакна претседателот на федерацијата Бобан Ѓороски, кој во Севиља беше заедно со нашите две Шампионки, Мери и Кате. А во колекцијата на титули кај Мери, сега веќе се сите можни трофеи. Национален, Балкански, Европски, Светскии Арнолд Класик Шампион! Колекција која до сега ја нема освоено ниту еден македонски натпреварувач. Секоја чест на тимот и посакуваме во иднина уште многу пати да не направат горди со интонирање на македонската химна и веење на македонското знаме!
Извор: Агенција за млади и спорт