spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Националната стратегија за млади главна тема на состанокот за службениците за...

АМС: Националната стратегија за млади главна тема на состанокот за службениците за млади од владините министерства и националните институции

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираа „Координативниот состанок за службениците за млади од владините министерства и националните институции“

Настанот го отвори Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт кој побара поинтензивно вклучување на младите , но и службениците за млади во креирање на политики за млади , но и иницијатива во создавањето на новата стратегија за млади 2023-2027.

Ѓорги Тасев – советник за млади и младински политики при Влада на Република Северна Македонија потенцираше дека Агенцијата за млади и спорт во соработка со Мисијата на ОБСЕ даваат огромен придонес во имплементација на Националната стратегија за млади, а поддршката која ја даваат другите меѓународни институции е од големо значење.

– Гордана Цекова, заменик раководителка на секторот за млади од Агенцијата за млади и спорт истакна дека истражувањето кое АМС го реализира во 2021 година обезбеди ставови, мислења, искуства во различни сфери од животот на младите кои ќе дадат значителен придонес во појдовната точка при креирање на новата стратегија за млади и на истата ќе обезбедат иновативен пристап. Таа ја потенцираше важната улога на службениците за млади во секоја институција нарекувајќи ги „Клучна алка помеѓу младите и институцијата”.

– Јасмина Тодоровска Митева – национална програмска офицерка на ОБСЕ со задоволство најави дека токму нашата држава ќе претседава со ОБСЕ идната година.

Инаку, Република Северна Македонија го донесе Законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020 година. Меѓу новините во Законот е и именување службеници за млади во сите органи на државната управа и единиците на локалната самоуправа.

Службениците за млади на локално ниво сега се одговорни за работењето на Канцеларијата за млади со цел координација, имплементација и надгледување на работите поврзани со младите во делокругот на надлежностите на институцијата.

Агенцијата за млади и спорт најавува подготовка на новата Национална стратегија за млади (2023-2027) која ќе биде поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Целиот процес на подготовката на новата Национална стратегија за млади (2023-2027) ќе се одвива на инклузивен, демократски и транспарентен начин и во согласност со меѓународните стандарди.

Поради оваа причина, на координативен состанок со именуваните службеници за млади и други релевантни чинители, како што се пратениците и претставниците на младинските ограноци на политичките партии се разговараше за развојот на Стратегијата.

Дополнително, обуката послужи како можност за иницирање идна соработка и вмрежување помеѓу соодветната институција и Агенцијата за млади и спорт.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...