spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКромберг и Шуберт започнуваат нова инвестиција од скоро 26 милиони евра во...

Кромберг и Шуберт започнуваат нова инвестиција од скоро 26 милиони евра во Битола

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Целта на посетата беше, потпишување на нов договор за државна помош за нов инвестициски циклус на „Кромберг и Шуберт“ од 25.760.000 евра.

Во продолжение е изјавата за медиуми на вицепремиерот Битиќи:

„Ви благодарам на гостопримството денеска, за можноста да ја посетиме вашата фабрика.

Но, ред е да кажеме и зошто сме дојдени денеска, а тоа е за да го потпишеме новиот договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“.

Ова е веќе трет договор кој го потпишуваме во „Кромберг и Шуберт“, што значи дека производствените капацитети, инвестициите и бројот на вработени на оваа компанија во нашата земја расте.

Денешната дата всушност се поклопува и со датата на отворањето на оваа фабрика тука во индустриската зона „Жабени“, за денеска да брои над 5.300 вработени.

Новата инвестиција, за која денеска го потпишавме Договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25 милиони и 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години и предвидува проширување на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за Ауди 4 новиот модел и Ауди 6 нова верзија „face lift“.

За мене е исклучително важна вредноста која „Кромберг и Шуберт“ ја носи во развојот на овој регион. Во последните години правиме значителни законски измени со цел развој на сите региони во земјата, една од нив е и измената која ја направивме во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, компаниите кои вложуваат во помалку развиените региони добиваат процентуално поголема финансиска поддршка.

А поддршката за компаниите расте, а особено е значајно што и во време на криза тие продолжуваат да растат и да инвестираат.

Само оваа година, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, потпишавме нови 277 договори со компании за инвестициски циклуси во следните години. Овие 277 нови договори ќе направат инвестициски циклуси од 140 милиони евра. Целото портфолио на компании кои ги поддржуваме во нивниот развој е над 550 компании, во моментов со активни договори. Со моето доаѓање на оваа позиција во 2020 година, за прв пат и покрај ковид кризата, имавме 100% исплата на државната помош кон нашите компании, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме.“

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...