HomeОпштиниЃорче Петров: Реконструиран крак од улицата 4 во Ново Село

Ѓорче Петров: Реконструиран крак од улицата 4 во Ново Село

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски изврши увид на градежни работи на крак од улица 4 во Ново Село во должина од 150 метри.

Во првата година од мандатот на Стојкоски, реализирана е реконструкција на 26 улици, со меѓуопштинска соработка со Град Скопје, улици кои се од витално значење за секојдневното живеење.

-Пред една година ветив Ѓорче без кал. Од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Баба Деса ми вели дека е среќна што на 89 години доживеала најстарата улица во Ново Село да добие асфалт – реч Стојкоски при средбата со жителите на Ново Село.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...