На денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), се разговараше за предизвиците и моменталната состојба на вработените во јавната администрација.
Овој синдикат веќе ја формираше синдикалната единица при МИОА, и претседателот на оваа единица беше претставен на средбата како претставник во МИОА.
Министерот Алити уште еднаш ја потврди заедничката цел, дека јавната администрација и понатаму останува меѓу главните приоритети на МИОА и дека целосно сме посветени на тоа.
Во таа насока, министерот Алити изрази подготвеност за одржување на социјалниот дијалог и информираше дека сме посветени на поддршка на институциите, синдикатите и сите инволвирани страни за да се обезбеди подобрување на стандардите за вработените во јавниот сектор, што е непосреден услов за почеток на преговорите и членството на земјата во Европската Унија.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација