На почеток на состанокот државниот секретар г-ѓа Размена му ја честита новата должност на г-н Klein и му посака успех во извршувањето на функцијата во текот на неговиот мандат.
На средбата се истакна задоволството што после подолг временски период е договорено да се одржи седница на Мешовитата комисија по Договорот за економска соработка меѓу двете земји, на 15 и 16 ноември 2022 г, во Скопје. Подготовката за седницата, работата на експерти согласно темите во опфатот на Протоколот и Програмата за работа беа во фокус на разговорот.
Г-ѓа Чекиќ – Дуровиќ и Н.Е. г-н Klein јасно ги истакнаа потенцијалите за јакнење на билатералната соработка, реализација на заеднички проекти во повеќе области, поддршка на економски области кои ќе придонесат за раст на двете економии,кои треба да се основот меѓу двете земји за продлабочување на соработката во иднина.
Извор: Министерство за економија