spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: „Кометал Ѓорче Петров“ изиграа ревијален натпревар со продавачите на списанието за...

АМС: „Кометал Ѓорче Петров“ изиграа ревијален натпревар со продавачите на списанието за одржлив развој „Лице в лице“

Со инклузивен спортски натпревар, помеѓу поранешни ракометарки на „Кометал Ѓорче Петров“ и продавачите на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, беше одбележана  10-та година од постоењето на истоимената Платформа за одржлив развој.

Настанот беше поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт, како дел од пост кампања за одбележување на Европската недела на спортот.

На натпреварот меѓу дел од шампионската генерација на Кометал Ѓорче Петров со продавачите на списанието „Лице в лице” учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Ова воедно е и одбележување на победата на „Кометал ЃП“ во 2002 година над унгарскиот „Херц Ференцварош“ во финале, освојувајќи ја престижната титула во Лигата на шампиони. На голот повторно застана капитенот Гордана Нацева, а тука беа Андријана Будимир, Елена Златановска, Индира Кастратовиќ, Анжела Платон, Мими Чупиќ, Наталија Тодоровска. На натпреварот меѓу дел од шампионската генерација на Кометал Ѓорче Петров со продавачите на списанието „Лице в лице“, беше присутен и данскиот стратег Јан Питлик.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...