spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Активно работиме на создавањето на поефикасен систем на електронски услуги

МИОА: Активно работиме на создавањето на поефикасен систем на електронски услуги

Дигиталните јавни услуги претставуваат олеснување за граѓаните и затоа МИОА посветено работи на зголемување и обезбедување на најефикасни и најкорисни е-услуги.

 

Преку центрите „Една точка за услуги“ на граѓаните им се достапни сите услуги кои се претставени во Националниот портал за Е-услуги, додека административните службеници се тука за да им помогнат да ги надминат тешкотиите при аплицирање за одредени документи.

 

Работиме на нови услуги и се залагаме да вклучиме што е можно повеќе институции на оваа платформа, а вреди да се напомене дека во текот на изминатите месеци беа додадени многу важни услуги како што се: услуги за пасоши, лични карти, возачки дозволи итн. Во меѓувреме и други институции, како што е Министерството за култура, ги пласираа своите услуги на оваа платформа.

 

За да се запознаете со природата и функционирањето на овие центри, погледнете го следното видео, додека сите услуги кои се веќе на услуга на граѓаните можете да ги најдете на линкот https://uslugi.gov.mk/

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...