HomeМинистерстваМЗ: Обука за трговија со луѓе наменета за Здравствени работници

МЗ: Обука за трговија со луѓе наменета за Здравствени работници

spot_img
spot_img

На тема „Зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на механизмите за идентификација за жртви на трговија со луѓе и потенцијални жртви во Западен Балкан“, се одржа обука наменета за здравствените работници од повеќе области.

 

Креирани се здравствени индикатори и стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации. Во подготовката на овие документи како и на регионалната обука, учествуваа претставници од МЗ, МВР, ИЈЗ, МТСП и Здружението на граѓани Отворена Порта-Ла Страда, коишто воедно ја спроведоа обуката за трговија со луѓе „Претставување на здравствени индикатори и регионални стандардни оперативни процедури за идентификација на жртви на трговија со луѓе“.

 

Соработката и информирањето на здравствените работници во оваа област е од огромно значење. Грижејќи се за последиците од трговијата со луѓе се грижиме и за јавното здравје. Здравствениот систем игра важна улога во идентификувањето и лекувањето на жртвите на трговија со луѓе а давателите на здравствени услуги честопати се првите професионалци кои имаат контакт со нив.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија