spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Презентиран Novociti Volt, новото, економично и еколошко решение за урбан транспорт

Прилеп: Презентиран Novociti Volt, новото, економично и еколошко решение за урбан транспорт

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во насока на поддршка на одржливото размислување и живеење, компанијата Аутомакедонија АД Скопје во Прилеп го претстави електричниот автобус Isuzu Novociti Volt.


Граѓаните на Прилеп денес имаа можност да се возат во електричниот автобус како редовна градска линија и да се запознаат со предностите кои ги нуди електричниот јавен транспорт: еколошки, паметени, безбедни и удобни автобуси, со 0 емисија на штетни гасови, ниски нивоа на бучава и ниски оперативни трошоци.
„ Живееме во ера кога имамe реална опасност од загадувањe и климатски промени. Паралелно со тоа се менуваат и социо-економските услови во урбаните средини, што создава потреба да размислуваме за намалување на опасностите од загадувањето на животната средина и намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови.
Во таа насока секогаш можеме подобро! Еден од начините е токму употребата на елктричните превозни средства, особено нивното користење во јавниот транспорт.
И токму оваа демо тура со електричниот автобус на Аутомакедонија само ни ја покажа можноста и иднината кон која треба да се стремиме за да ги подобриме условите за живот на граѓаните на Прилеп – јавен електричен градски превоз со 0 емисии на штетни гасови.
Искрено се надевам дека во иднина низ прилепските улици овие автобуси ќе бидат наше секојдневие.

Во оваа прилика на компанијата Аутомакедонија им го честитам јубилејот 75 годишно постоење на нашиот пазар и им се заблагодарувам што ни овозможија непосредно да се запознаеме со предностите и можностите кои ги нуди електричниот јавен транспорт.“ – истакна градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, при оваа прилика.
„NovoCiti VOLT е последна технолошка иновација на производителот Isuzu“ истакна Билјана Јанчевска од Компанијата Аутомакедонија и ги презентираа перформансите на електричниот градски автобус кој е долг 8 метри, со капацитет за 50 патници и функцијата за регенеративно кочење кое ја зголемува ефикасноста во потрошувачката на електричната енергија и придонесува за поголем досег.


Капацитетот на батеријата варира од 142kWh и досег до 180 километри, до 268kWh со досег до 350 километри. Полнењето е едноставно и доколку се користи DC турбо полнач со моќност од 150kW трае само 2 часа или на стандарден AC полнач со јачина од 22kW, батеријата се полни за приближно 8.5 часа.
Со електричниот автобус до Могилата на непобедените организирано се повозија и 20-тина учениците од ООУ „Климент Охридски“ каде учествуваа на едукативно предавање на тема „Екологија и придонесот на електричните возила кон намалување на загадувањето и заштитата на животната средина“
За поддршката и можноста за презентацијата на електричниот автобус и по повод 75 години од постоењето на компанијата, претставниците од Аутомакедонија им доделија благодарници на Општината и градоначалникот на Прилеп.

 

 

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...