Се реализира првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков. Град Скопје ја реконструира оваа улица на површина од над 18.000 метри квадратни и должина од два километри, при што воедно се заменуваат оштетените рабници, а се врши и реконструкција на автобуските стојалишта.
По оваа улица секојдневно се движат тешки товарни возила, а нивното движење предизвикува големи оштетувања на коловозот. Барањето за реконструкција се истакнуваше како децениски проблем за повеќе од 10.000 граѓани од месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, а со реализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Извор: Град Скопје