АД ЕСМ на 24.10.2022 година произведе 11.335 MWh електрична енергија.
Во Термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh.
Изминатото деноноќие нема никакви забележителни промени во однос на перформансите на производствените постројки. Во функција се два блока во РЕК Битола, работи РЕК Осломеј, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ Неготино.
АД ЕСМ на 24.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.
Извор: Влада