Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити вчера имаше една средба со претставници од Македонската академија на науките и уметностите, меѓу кои и Акад. Љупчо Коцарев, акад. Живко Попов, акад. Газанфер Бајрами, акад. Изет Зеќири, акад. Абдилменаф Беџети и Акад. Владо Камбовски.
Соговорниците разговара за важноста на досегашните соработки и за можностите за идни соработки.
Влогот на Академијата, вклучително и нивната мрежа и истражување, е суштински фактор за унапредување и професионализација на кадрите кои ќе дејствуваат во работата и решавањето на институционалните проблеми.
Соговорниците се договорија средбите и соработките да продолжат и во иднина.