spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот за 2023 година

Илинден: Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот за 2023 година

Почитувани граѓани,

Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме  сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица  за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и  проблемите со кои се соочуваат во општината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Ве повикуваме  и охрабруваме  сите Ваши предлози  преку пополнување на анкетен лист да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден  до 30.11.2022 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на  проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...