spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европска недела на спорт продолжува во соработка со ФФОСЗ

АМС: Европска недела на спорт продолжува во соработка со ФФОСЗ

Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија петта година по ред.

-По успешната реализација на пакет активностите од првиот дел, продолжуваме понатаму, овојпат со највисоката образовна институција за спорт во земјава-Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Детската возраст е идеален период за престанок на неактивноста и детектирање на физичко-моторичките способности на учениците, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски на прес конференцијата одржана во Агенцијата.

Од таа причина целна група на овој дел од проектот се токму ученици од 6-9 одделение од вкупно десет општини, а причината за тоа покрај детектирање на психомоторичките карактеристики се и  физичките предиспозии за занимавање со спорт, додаде Мојсовски.

На пресот свое излагање имаше и заменик директорот на АМС Амир Билали, кој потенцираше дека во пилот проектот што стартува денес фокусот се младите, кои низ мониторингот ќе обезбедат информации за физичката способност и предиспозиции од различни општини. Не е случајно што изборот падна на општини од рурални средини, но и општини со мултинационален состав.

Експертскиот дел од проектот го образложи деканот на факултетот за физичко образование Др Ленче Алексовска Величковска, која потенцираше дека за стручни анализи, потребни се експерти. Факултетот со својот Истражувачки центар за психомоторни вештини ќе обезбеди целосна дијагностика, но истовремено ќе овозможи селекција на деца со предизпозиции за спорт.

-Соработката на двете највисоки институции за спорт во државава е нешто што е неминовно, а добивање на резултати по обемно истражување ќе има повеќекратни позитивни ефекти, истакна Алексовска.

Продеканот на ФФОСЗ Борче Даскаловски се осврна на стручните анализи кои низ ова истражување ќе обезбедат информации за здравствената состојба на учениците, процент на мускулна маса, физички перформанси и други параметри кои би биле показател за позитивните односно негативните аспекти од физичката активност или физичка неактивност.

Националниот координатор на EWS Александра Дичевска најави изработка за водич за професорите по физичко образование, кој во својата изработка ќе ги користи добиените информации од мониторингот.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...