spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Браќата Спировски - Државни прваци во спортска гимнастика

Карпош: Браќата Спировски – Државни прваци во спортска гимнастика

Во општина Карпош живеат голем број спортско и образовно талентирани ученици. Од година во година, расте бројот на деца кои го докажуваат ова. Уште еднаш, дека е тоа така, го потврдија браќата Спировски, кои станаа државни прваци во спортска гимнастика. Тие се ученици во ООУ “Христијан Тодоровски Карпош”, Теодор во седмо, а Михаил во петто одделение.


Гимнастиката е исклучително атрактивен, но и напорен спорт кој бара многу време и вложување во себе за да се постигнат добри резултати. Овој спорт вклучува физички вежби, кои бараат рамнотежа, сила, флексибилност, агилност, координација, посветеност и издржливост, а сето тоа, браќата Спировски го поседуваат уште од мали нозе.


Теодор започнал со тренинзи уште на пет годишна возраст во КГС “Орце Николов-Партизан”, Скопје, кога и му се раѓа желбата за понатамошните вложувања во гимнастиката. Оттука, љубовта кон гимнастиката, во подоцни години, успева да ја пренесе и на неговиот брат Михаил, кој започнува да тренира од мал, но, патем постигнува и видливи резултати.

Теодор и Михаил почнуваат да ги освојуваат првенствата во гимнастика на државно ниво, Теодор се искачува два пати на врвот и го освојува златниот медал, додека пак Михаил го следи на второто место со сребрен медал, во поединечните натпреварувања.

Во тимско натпреварување, двајцата браќа, го освоија златниот медал на државното првенство, кое се одржа во Битола во ноември 2019 година. Исто така, гимнастичарот Теодор, освен златни медали, во својата збирка на спортски медали и дипломи, има и сребрен и бронзен медал. Помалиот Михаил, кој учи од својот брат, започна со освојување на второ и трето место во индивидуалните натпреварувања, но тука не застана. Напротив, спортскиот дух во него го поттикнува да освојува што повеќе и повеќе шампионски титули.

Најголема заслуга за нивните успеси, велат тие, имаат нивните тренери Ангел и Петар, кои им се огромна поддршка во натпреварувањата. Двајцата посакуваат да имаат понова спортска опрема и подобри услови за тренирање кои се предуслов за побрз напредок и повисоки спортски достигнувања.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...