spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: ООУ „Лазо Трповски“ на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио

Карпош: ООУ „Лазо Трповски“ на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио

ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош и годинава, 12. пат едноподруго, учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и 2021 година). На овогодинешниов реномиран натпревар учествуваа 19.986 учесници од 152 земји со свои лични творби, напишани во форма на есеј на тема „Моите вредности“. По тој повод, училиштето од Карпош го претставуваа тројцата основци Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска и Атанас Стаматовски под менторство на предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски.

Инаку, натпреварот се одржува во рамки на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ и е под покровителство на министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, додека пак   организатори се  УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио. Поточно, овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.

Кусо обраќање имаше и заменик министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, Јанаги Такаши, кој во оваа пригода истакна дека е задоволен од големиот интерес кој го покажала младата популација во рамки на ова глобално натпреварување.

 

  • Свесен сум дека годинава на натпреварот пристигнаа голем број прекрасни есеи. Благодарејќи на ваквата иницијатива, се надевам дека младите од целиот свет, идни лидери, ќе знаат меѓусебно да соработуваат и на тој начин ќе дадат придонес за мирот во светот – додаде Такаши.

 

Притоа, учесниците од целиот свет како и нивните ментори независно од конечниот пласман согласно одлуката на стручното жири, ќе добијат соодветни признанија.

 

 

 

Извор:  Општина Карпош 

 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...