spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски и вработените донираа за кујната во црквата „Св.Петар и...

Ѓорче Петров: Стојкоски и вработените донираа за кујната во црквата „Св.Петар и Павле“

Мал придонес кон борбата против сиромаштија од општина Ѓорче Петров во период кога се одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштија и Светскиот ден на храната.

Градоначалникот Александар Стојкоски и вработените од општина Ѓорче Петров донираа облека, прехранбени и хигиенски производи за оние кои ја посетуваат кујната во црквата „Св.Петар и Павле“.

-Нашето малку можеби за некого е многу. Овие денови нека бидат потсетник дека благодет е да се помогне на сиромашните. Да продолжиме и во иднина на вакви начини, заеднички и организирано да помагаме на социјално-ранливите категории. Општина Ѓорче Петров продолжува и со праксата за еднократна парична помош на болни и ранливи категории, според правилникот за категоризација – рече Стојкоски.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...