spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Новата урбана опрема во Кучково подготвена за користење

Ѓорче Петров: Новата урбана опрема во Кучково подготвена за користење

Урбаната опрема која е веќе поставена на локалитетот „Крст“ во Кучково е веќе подготвена за користење од страна на граѓаните.

Поставени се светилки, урбана опрема и еко-училница. Партерно уредивме јавен простор на површина од 5.456 m² -амфитеатар што зафаќа вкупна површина од 322м2, две платформи – вкупната површина што ја покрива платформата 1 е 374 м2, а платформата 2 е 263 м2, монтажни (2 женски, 2 машки и 1 тоалет за лица со посебни потреби), хортикултурно уредување кое ќе се простира на површина од вкупно 1.750,00m2, урбана опрема, пешачки патеки (и адаптација на постоечка) – вкупна површина покриена со сите три пешачки патеки = 2.717m2 и осветлување со ЛЕД светилки.

Вкупен буџет за проектот е 4.375.761,00 денари, од кои 4.247.773.35 се грант средства од Светска банка и ко-финансирање од буџет на општина Ѓорче Петров во износ од 127.987,65МКД.

Населеното место Кучково во изминатата година преку реализација на повеќе проекти доби целосно нов современ и урбан лик и стана атракција за скопјани. Успеавме да санираме и решиме децениски проблеми, меѓу кој и водоснабдувањето. Обезбедивме двојно повеќе вода од потребите на селото.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...