spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: „Стари традиции за нови генерации“ во Кучково

Ѓорче Петров: „Стари традиции за нови генерации“ во Кучково

Македонија е земја на традиционални вредности, фолклор, култура, етност и традиција. Го оживуваме минатото. Во сегашноста имаме можност да ја “разбудиме” македонската традиција преку вакви настани-“СТАРИ ТРАДИЦИИ ЗА НОВИ ГЕНЕРАЦИИ“ – Кучково 2022 кој се одржа во ресторанот „Старо буре“.

Настанот ги содржеше сите елементи на нашите вековни обичаи. Се презентираа производи од компании од бизнис-секторот во општината, локални производители на земјоделски производи и рачни традиционални изработки.

Локалните производители од овој дел од Ѓорче Петров, но и други гости ги презентираа своите домашни органски производи. Овие предели нудат одлични можности за развој на земјоделството и лозарството кои успеваат кај нас, а производителите со голема љубов го негуваат она што го создала природата.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте