Одржавме работен состанок и го посетивме училиштето во с. Пресил со претставници од Naval Facilities Engineering Systems Command (NAFVAC), договорен орган на Амбасадата на САД во Скопје, господата Teresa Smith, Frederix Menez и Alexander Dodge, државниот секретар во МОН, г-ѓа Анета Трпевска и м-р Ана Јовева архитект – консултант.
Подрачното училиште во с. Пресил, каде настава следат 57 ученици, ќе добие целосно нов лик и ќе се создадат современи услови за следење на наставата и работа на наставниците.
Ова е прва темелна реконструкција од кога е изградено училиштето. Изразувам огромна благодарност за финансиската и техничка поддршка до Америчката Амбасада и Министерството за образование. Инвестирањето во образованието не запира со реконструкцијата на ова училиште. Наша задача е да обезбедиме квалитетни услови за настава за секој ученик. Во таа насока продолжуваме со работа.
Извор: Општина Крушево