spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Пенов, со постојаниот претставник на Програмата за...

МЛС: Средба на министерот Пенов, со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Григорјан

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на средбата со постојаниот претставник на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан разговараше за проектите што заеднички ги имплементираат Министерството и УНДП, како и за приоритетните активности за развој на локалната самоуправа во наредниот период.

На состанокот беше истакнато дека Министерството за локална самоуправа и УНДП имаат долгогодишна соработка која што во моментов се реализира главно преку Проектот за зајакнување на општинските совети, кој што е финансиран од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а кофинансиран преку Министерството за локална самоуправа.

Соговорниците ја истакнаа соработката и која што се реализира и преку проектите за развој на локалната демократија, како и за поттикнување на меѓуопштинската соработка заради подобрување на перформансите на
општините за подобро и поотчетно работење.

На состанокот беше изразено задоволство од досегашната соработка и од динамиката на реализацијата на предвидените активности, со најава дека агендата за наредниот период ќе биде уште понабиена кога ќе се отворат темите за подобрување на функционалноста на локалната самоуправа преку отворање на дискусија за актуелната законска рамка пред сите засегнати страни.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...