Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити имаше работна средба со Дарко Димовски – претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и со Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници беа во интерес на дискусијата, каде што соговорниците ги разменија идеите и перспективите во однос на потребните измени и дополнувања на овие два закони.
Министерот Алити, ги информираше дека ќе ги земе предвид сите грижи од сите инволвирани страни во овој закон, за да дојдеме до најдобар можен заклучок кој води до ефикасност во работата во јавниот сектор.