HomeОпштиниКичево: “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!”

Кичево: “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!”

spot_img
spot_img

Градоначалникот Фатмир Дехари ги пречекаа Александра Мојсова и Жарко Трајков претставници од СОС Детско Село од Скопје.

Општина Кичево се приклучува на проектот на СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија “Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца” (Addressing systemic Gaps – Support to Child Welfare System Reforms) поддржан од Германското Министерство за економија и развој.

Во склоп на овој проект се спроведува националната кампања “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” со цел покренување на свеста и колективното знаење за процесот на згрижувањето, како и информирање за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца.

Овој проект е од голема важност како на локално, така и на национално ниво, бидејќи покрај тоа што ја зголемува свеста за згрижување на деца, го зголемува бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата теритотија на државата. На тој начин ќе придонесеме децата во нашата држава, да продолжат да живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.

 

Извор: Општина Кичево 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија