HomeОпштиниЃорче Петров: Светскиот ден на детето одбележан во ООУ „Ѓорче Петров“

Ѓорче Петров: Светскиот ден на детето одбележан во ООУ „Ѓорче Петров“

По повод Светскиот ден на детето, градоначалникот Александар Стојкоски и дел од општинската администрација имаа можност да присуствуваат на приредба на учениците од трето одделение од ООУ “Ѓорче Петров под слоганот „Во светот на децата“.

Приредбата беше подготвена со многу љубов, умешност и по некоја порака напишана за овој важен ден за нив посветен на еднакви права, бесплатно основно образование и добро воспитување.

-Како градоначалник сум секогаш подготвен да бидам нивни најголем пријател и сојузник во решавање на нивните проблеми, бидејќи тие се идните носители и промотори во развојот на државата. Во нивните најсреќни спомени и ние сме дел од нивната среќа. Секој ден нека им биде убав како денешниов – рече Стојкоски.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Лукровски ги продолжува работните обврски и активности во општината

0
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски. И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше...