Ја информираме јавноста дека веќе се поставени во Електронскиот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) двата документи за Нацрт Акциски план на Стратегијата за ИКТ 2021 – 2025.
- https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=23&fb…
- https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=27&fb…
Министерството за информатичко општество и администрација ги повикува сите граѓани и сите засегнати страни да учествуваат и да ги остават своите коментари за Нацрт Акциски план на Стратегијата за ИКТ 2021 – 2025.
Ние охрабруваме поголемо учество во овој процес, бидејќи само со придонес на сите засегнати страни може да се постигне вистинскиот резултат.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе организира отворена јавна дебата за ова прашање. Јавноста ќе биде повторно информирана за времето на реализацијата на ова дебата.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација