spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedГрад Скопје: Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти...

Град Скопје: Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска завчера во средното училиште „Михајло Пупин“ ги отвори меѓународните турнири во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет и во голбал за лица со оштетен вид. Во поздравното обраќање, градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање. – Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет  и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од приоритетите во мојата програма. Работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. Многу е важно спортистите со телесна инвалидност да вежбаат и да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се дел од спортскиот живот на Скопје – рече Арсовска. Меѓународниот турнирот во пинг-понг за спортисти со телесен инвалидитет е во организација на Здружението Мобилност Скопје, а меѓународниот турнир во голбал е во организација во организација на Спортско здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје. На турнирите учествуваат спортисти од Република Македонија и од неколку соседни држави. Град Скопје двата меѓународни турнира финансиски ги поддржува.        

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...