spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Заклучоци и препораки од трибината – “Дојранско Езеро – состојби и...

Дојран: Заклучоци и препораки од трибината – “Дојранско Езеро – состојби и предизвици”

Големината на луѓето е да останат заедно, сплотени и единствени,затоа што во успесите и победите, радоста неминовно се дели, но вистински силна заедница е онаа која останува здружена и силна кога ќе се појават ситуации за кои имаме различни гледишта.
А секако, животот и работата неминовно ни носат предизвици, задачи кои треба да ги решаваме!!!
Нашата мисија е конструктивно да гледаме на проблемите. Да застанеме исправени, цврсти и одлучни кога треба да се носат важни одлуки за иднината на местото каде живееме.
Токму затоа, во насока на размислување за животната средина, за еко системот, за состојбите на нашето Дојранско Езеро организиравме трибина на која свое видување, мислење и евентуални решенија на проблемите со кои се соочуваме дадоа еминентни лица, стручњаци во својата област, експерти од областа на хидробиологијата, хидрологијата и управувањето со водени екосистеми.
Проф.Др Ленче Локовска – експерт за микробилогија и квалитет на води;
Проф.др Елизабета Вељановска Сарафиловска експерт за физичко хемиски истражувања на водени екосистеми;
Проф.Др Трајче Талевски – биолог/ихтиолог од Хидробиолошкиот институт од Охрид – како релевантна институција за оваа проблематика.
Јавната трибина „Дојранско Езеро – состојби и предизвици“ која се одржа на 15.11 ’22 година, претставува почетна точка за директно презентирање на состојбите со езерото, но и беше можност граѓаните да се вклучат, да разговаррат со надлежните и експертите. Со оваа трибина се отвора еден заеднички процес и широка вклученост на граѓанскиот и стручниот сектор, соработка која ќе води кон подобра и поефикасна заштита на Дојранското Езеро и неговиот биодиверзитет.
На Трибината покрај претставници на организаторите и бројните заинтересирани граѓани активно учество земаа и претставници на Центарот за Јавно Здравје Велес како и тројца експерти од различни области.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЈАВНАТА ТРИБИНА:
• Да се промени праксата на контролата на квалитет на вода само во периодот на летните одмори и да се прават редовни месечни а по потреба и двонеделни анализи на водата од стана на Центарот за јавно здравје.
• Наместо од веќе утврдените мерни места од каде се зема вода од Дојранското езеро за испитување, на потегот Стар Дојран – Сретеново, во иднина да се земаат примероци од најмалку шест локации.
• Постоечките локации од каде се земаат примероци за испитување на водата да останат, но да се додадат и Нов дојран, Николиќ и локации односно мерни места кои ќе се утврдат дополнително.
• При презентацијата надосегашните резултати од анализите на квалитетот на водата кои ги прави ЦЈЗ општ беше заклучокот дека водата може да се користи за капење (според експертите состојбата не е совршена, но е далеку од катастрофална) а повеќе детали не е можно да се добијат од постоечките анализи.
• Спроведување на дополнителни анализи вон анализите на ЦЈЗ односно анализи на кислоридни параметри, хоризонтални анализи на вода, елементарни анализи, анализи на перзистентни и тешкоразградливи соединенија итн.(дел одо овие анализи се направени а дел ќе бидат направени во наредниот период од Хидробиолошкиот институт) и презентирани кон средината на Декември на нова трибина.
• Лоцирање на проблемите со нутритиентно загадување и оптоварување на езерото.
Воспоставување механизам за проверка на објектите кои се наоѓаат на самиот брег на езерото, каде и како и дали прописно ги испуштаат отпадните води.
• Подобрување, санација и зголемување на капацитетот на колекторот и филтер станицата (општината обраложи дека процесот е во тек и колекторот ќе биде со зголемен капацитет и станицата ќе биде целосно функционална околу мај 2023та а во текот на 2024 значително ќе се зголеми капацитетот за преработка на отпадните води.
• Од страна на експертите и дел од граѓаните беше сугерирано дека е потребно да се работи на рестартирање и целосна функционалност на хидросистемот Ѓавато заради аерација односно подигнување на нивото на кислород во езерото но и заради трајна контрола на водостојот во периоди на суша.
• Од страна на присутните граѓани беше побарано сите населени места околу езерото да се вклучат во колекторскиот систем а исто така се дискутираше за проблемот со депонијата кај Карач, нејзиното можно влијание врз подземинте води но и аерозагадувањето.
• Да се испратат забелешки и барања до Владата на РСМ за поголема вклученост во процесите, како и поголема финансиска помош во заштита на споменикот на природата Дојранското езеро.
Организирањето на ваков вид на трибини несомнено е од полза и за работата на општинската администрација, за работата на институциите кои се директно поврзани со работата на Општина Дојран, но и за граѓаните, активистите и невладините организации.
Сите инволвирани во процесот на дебата добиваат проверени информации, информации директно од компетентните лица, а со ваквиот тип на комуникација и дебата не се остава простор за шпекулации и дилеми.
Со оглед на огромниот интерес и кај стручните лица и кај граѓаните, евидентна е потребата од интензивна комуникација на сите засегнати страни и поради тоа е договорено следната трибина да се одржи кон средината на декември.
На наредната трибина претставници на организацијата Milieukontakt Македонија ќе ги презентираат своите согледувања, резултатите од истражувањата и планираните чекори кои ќе се превземат во иднина.
Општината останува отворена за сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања и дилеми во врска со оваа проблематика.
Настанот кој ќе се организира за неполн месец повторно ќе биде јавен и отворен и на него ќе се продолжи и ќе се развие дискусијата започната на оваа трибина која носеше наслов „Дојранско Езеро – состојби и предизвици.“

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...