spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Недозволиво е насилство во училиштата, заедно да продолжиме да градиме мирна...

МОН: Недозволиво е насилство во училиштата, заедно да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина

Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство.

Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова всушност е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција.

Осудуваме секакво насилство во и надвор од училиштата и во таа насока, заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации,  во континуитет работиме на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте