spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Континуирано се унапредуваат правата на учениците со попреченост, училиштата стануваат инклуивна...

МОН: Континуирано се унапредуваат правата на учениците со попреченост, училиштата стануваат инклуивна средина во која сите се еднакви

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година содржи бројни активности за кои надлежноста е на Министерството за образование и наука, а нивна цел е да се одржи континуитетот на унапредување на правата на младите во рамки на воспитно – образовниот систем и училиштата да станат инклузивна средина во која сите се еднакви.

Ова беше потенцирано на денешниот настан организиран во Владата на Република Северна Македонија по повод 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на кој беше промовирана нацрт верзија на Стратегијата која ги отсликува визијата и приоритетите на сите надлежни институции со цел подобрување на условите за живот на лицата со попреченост во сите општествени сфери.

МОН ќе продолжи и во иднина да се фокусира на подобрување на пристапноста на образовната инфраструктура и во таа насока беше посочено дека веќе од следната година започнува реконструкцијата на 118 основни училишта во државата во кои, покрај повеќе други градежни зафати ќе се изведуваат и пристапни рампи и ќе се адаптираат тоалети за ученици со посебни потреби.

Продолжува и ангажирањето на образовни асистенти во основните, а наскоро, по усвојување на Законот за средно образование и во средните училишта, кои е обврска на државата, а не товар на родителите.

Новите наставни програми кои се изработуваат во рамки на реформата на основното образование содржат компоненти кои насочуваат на инклузивност, почитување на различностите, толеранција и прифаќање на секој поединец од опкружувањето и средината во која живее и учи.

За потсетување, од минатата година МОН го зголеми месечниот износ на стипендии за ученици со попреченост во средните училишта, за 27%.

Нацрт верзијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година е изработена од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте