spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Учество на вториот регионален експертски работен состанок во организација на UNDOC

ДКСК: Учество на вториот регионален експертски работен состанок во организација на UNDOC

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата м-р Шемши Салаи учествуваше на вториот состанокот на техничко ниво, кој во организација на Канцеларијата на Обединетите нации против дрога и криминал (UNDOC) се одржа на 29-30 ноември 2022 година во Љубљана, Словенија.

На состанокот се дискутираше и беа елаборирани прашањата  и заклучоците кои произлегоа од првиот состанок на техничко ниво одржан на 07-08 ноември 2022 година во Виена, Австрија.

Двата состаноци се реализираа во насока на подготовка на Регионалната конференција за борба против корупцијата што во организација на UNDOC и Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи во Скопје на 14-ти декември 2022 година, и на која ќе земат учество високи претставници на владите од земјите од Западен Балкан, експерти за антикорупција, практичари и претставници на граѓански организации.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте