spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Моќта на неформалното образование во образованието за возрасни

НАЕОП: Моќта на неформалното образование во образованието за возрасни

Транснационална активност во полето на образование и тренинг:

Моќта на неформалното образование во образованието за возрасни (Power of Non – Formal Education in Adult Education)

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 24-1439/2 од 05.12.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за 1 учесник на транснационална активност на тема:

 

Транснационална активност во полето на образование и тренинг:

Моќта на неформалното образование во образованието за возрасни (Power of Non – Formal Education in Adult Education)

 

29 јануари-03 февруари 2023 година – Пику Сиоте 93280 Пудасјарви (Pikku-Syöte, 93280 Pudasjärvi), Финска.

Овој транснационална активност има за цел да се промовира комплементарноста помеѓу актерите од формалниот и неформалниот образовен сектор кон поинклузивно општество и да се подобри влијанието на образовните процеси со користење на принципи и пристапи за неформално образование, како и да се создадат можности за зајакнување на капацитетите на лицата вклучени во образованието на возрасни.

 ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

  1. Да се промовира образованието како ефективна алатка за зајакнување на професионалните капацитети,
  2. Да се промовира меѓусекторската соработка во образованието преку градење на различни пристапи и методи помеѓу формалните и неформалните образовни актери,
  3. Да идентификуваме што е заедничко помеѓу формалното и неформалното образование,
  4. Да ги натера учесниците да размислуваат за моќта на различните образовни активности кои се користат за време на транснационалната активност,
  5. Да се бори против пасивноста на учениците преку зголемена љубопитност и мотивација за учење во која било образовна средина,
  6. Да ги преиспитаме нашите секојдневни образовни практики.

 

ЦЕЛНИ ГРУПИ:

Право за аплицирање имаат правни и физички лица од областа образованието за возрасни, потенцијални корисници на програмата Еразмус+, соодветно подготвени да ја подигнат свеста за приоритетот на програмата за инклузија и различност, како и да промовираат и да го зголемат учеството на лицата со помалку можности во рамките на нивните институции (организации), со што ќе ја подобрат димензијата на инклузија и различност. во нивните потенцијални проекти.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 10 декември 2022 година. Апликацијата се поднесува директно на следниот официјален линк на платформатаhttps://salto-et.net/events/show/FI01_0404_TSS_2022

најдоцна до 10 декември 2022 година до 12 часот на пладне.

Сите апликации поднесени по предвиденото време нема да бидат земени во предвид.

Координаторот (домакинот) на настанот ќе ги известува со сите дополнителни информации само избраните учесници кои координаторот (домакинот) ги потврдува.

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ:

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна), предавачи, тренери се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во  Pikku-Syöte, 93280 Pudasjärvi, Финска. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...