АМС: Прием за европските медалисти Илиоски и Варадинова

Самостојни органиСамостојни државни органиАМС: Прием за европските медалисти Илиоски и Варадинова

Најчитано

Агенцијата за млади и спорт организира прием за Европскиот првак Бобан Илиоски и бронзената од Анталија, Викторија Варадинова.

 

-Успесите на сите спортисти кои како вистински амбасадори ја претставуваат нашата држава се важни, но посебно е задоволството кога станува збор за европски првак, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој им честита на успехот на двајцата медалисти од последното европско првенство во кик-бокс одржано во Анталија, Турција.

Македонската химна одекна во Анталија  во чест на европскиот првак Бобан Илиоски.

-Многу  сум среќен, но  не застанувам тука оти на ред за освојување е светската титула идната година, истакна Илиоски.

Тој додаде дека спортистите имаат за цел да тренираат и остваруваат врвни резултати, а останатите работи се задача на националните спортски федерации и државните институции.

Викторија Варадинова успеа на својот прв настап во сениорска конкуренција да го освои бронзениот медал, што претставува огромен успех.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе