HomeОпштиниГази Баба: Се оформи првиот овошен парк во Гази Баба

Гази Баба: Се оформи првиот овошен парк во Гази Баба

spot_img
spot_img

Во општина Гази Баба денес се засадија 75 овошни садници со сертификат, произведени во Опитно поле-ФЗНХ, Скопје. На овој начин се одбележа оформувањето на ПРВИОТ ОВОШЕН ПАРК во Гази Баба.

Акцијата се спроведе во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата Зелен лист Воздух чист, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје.

Поводот за денешниот датум беше одбележувањето и на 75 годишнината на Факултетот за земјоделски науки и храна и компанијата ДС Смит-Скопје, 15 годишнината од формирањето на ЈКП Гази Баба 2007 и секако одбележувањето на Светскиот ден на Волонтерството.

Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба и предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките.

Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна се дава поддршка на предизвикот на ФАО Свет без глад до 2030 година и од друга страна созадаваме нови зелени површини и допринесуваме кон зачувување на животната средина.

Извор: Општина Гази Баба 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија